Расел Кроу (54) важеше за еден од најзгодните холивудски актери, а денес не би го познале ниту да момине на улица покрај вас.
Кроу во гладијаторскиот костим го запаметија многу жени, но од стариот Расел Кроу нема ни трага кога е физичката форма во прашање.
Деновиве, тој престојува во Дизниленд и тоа сокривајќи се од папараците.
Со шапка, очила, широка облека и навистина е тешко да се препознае, но тоа не им избега од око на папараците.
Згодното тело остана само во филмовите, но можеби дебелината повторно му е потребна за на камера како што тоа го направи во 2016 година кога се здебели поради снимањето на филмот „The nice guys“, па потоа се бореше да го симне вишокот.
FOTO: PROFIMEDIA