Радио Милева

„Да пееш со синот е нешто најубаво на светот“: Софче Џорлева доби засилување во „Никогаш не е доцна“

„Да пееш со синот е нешто најубаво на светот“: Софче Џорлева доби засилување во „Никогаш не е доцна“

Започна вториот круг на емисијата „Никогаш не е доцна“, а прва настапуваше добро позната кандидатка Софче Џорлева која во првиот круг го остави жирито без зборови.

Во првиот круг, Софче ги воодушеви сите со својот глас и добрата песна, а за вториот круг одбра ромски хит односно  „Geljan dada“ од Шабан Бајрамовиќ. Штом започна со пеење, македонската учесничка веднаш доби аплауз од публиката во студиото.

фото: З. К Муња/Д. Милошевиќ

По нејзиниот одличен настап, жирито имаше само пофални зборови за Софче.

„Ромскиот јазик ви оди добро, ми се допаѓа. Секоја чест“ изјави Ален Адемовиќ, а Катарина Грујиќ прокоментира дека има одлична енергија и дека совршено пее.

Во вториот круг има ревијален дел каде што кандидатите  пеат во дуети, а овој пат Софче доби засилување од нејзината поддршка, односно нејзиниот син Огнен Здравкоски која претходната година беше во „Ѕвездите на Гранд“.

фото: З. К Муња/Д. Милошевиќ

Софче и Огнен заедно ја отпеајаа „Зoшто си ме мајко родила“, а публиката во жирито стана на нозе.

„Да пееш со синот е нешто најубаво во светот“ изјави Софче по настапот.

По изведбата на „Зошто си ме мајко родила“, на сцената  се прудржи семејството на Софче, а водителката Драгана Катиќ истакна дека со овој гест пратила најубава фотографија во светот.

фото З. К Муња/Д. Милошевиќ

Нејзиниот настап може да го погледнете во видеото подолу на 8:20.

To top