Синиша Карафилоски и Јордан Џејмс Ивановски во нивниот заеднички проект „D’Reamers“ ексклузивно ја промовираат своја трета песна „Да исчезне се”.
Самата композиција доби и видео запис, кој ви го преставуваме, а истата е снимена во GreenRoom Sound Studio, со сите протагонисти кои се јавуваат како изведувачи, продуценти, репрезенти на самата мелодија.
Музиката и текстот за оваа песнасе дело на Синиша Карафилоски и Дамир Пух кој исто така го создал аранжманот, ја продуцирал, снимал и го направил мастерингот за песната.
Вокалната изведба е на Јордан Џејмс Ивановски и Наташа Миха која се јавува како специјален гостин и ко-автор на текстот.