Свадбата на српската водителка Сања Маринковиќ и денеска е атрактивна тема за дискусија.
Иако во нејзината емисија „Магазин ин“ беше домаќин на бројни познати личности, со кои разговараше за најголемите тајни од нивниот интимен живот, Сања Маринковиќ секогаш внимателно ја чуваше својата приватност од љубопитните очи.
Дознавме дека се омажила дури кога се било готово, а интересен податок е тоа што судбоносното „да“ го кажала во лимузина, на пат од станот до аеродромот, од каде со сопругот Александар Ухрин патувала на меден месец во Париз.
Нивните кумови беа родените браќата на Сања, Бојан Маринковиќ и Александра Душан Ухрин. На свадбата на тркала присуствувале и нивните сопруги, како и тригодишниот Страхиња Ухрин.
За да биде бракот среќен и долг, младенците се придржувале и до некои фенг шуи правила, па решиле да ја легализираат врската на 11 ноември 2011 година во 11 часот. Водителката носеше црвен фустан, дизајниран од Сузана Периќ.
– Читам дека црвената венчаница носи среќа, а во тренд е и оваа сезона – ја објасни тогаш својата одлука Сања.
Како што е познато Сања и Александар се разведоа минатата година. Наместо да прослават една деценија брак, тие решија да продолжат по одделни патишта.
фото:Срѓан Босниќ