Познатиот пејач на народни песни Бојан Томовиќ (37) призна дека боледува од биполарно растројство, тешка, доживотна ментална болест.
Тој отворено проговори за сите кои страдаат од ова и слични ментални нарушувања, па како обид да ги поддржи ја раскажа неговата приказна:
“Биполарното растројство ми го уништи животот, бракот, здравјето, кариерата, но сепак, се’ уште се обидувам да живеам нормално со терапија која мора да се земаа со години, ако не сакате да завршите со животот предвреме, бидејќи статистиките велат дека најголем број на самоубиства извршиле токму луѓето кои страдаат од биполарно растројство. Дознав дека имам биполарно растројство кога имав 30 години и 7 години живеам со тоа. Се борам, постојано сум со лекови и по лекари, премногу е тешко. Понекогаш сте добри и креативни, но одеднаш ненадејно неиспровоциран од ништо ви се случуваат промени во расположението што ве исцрпува и вас и сите околу вас.
На 37 години се чувствувам како да имам 97 години, толку сум уморен од сè. Што е најлошо, болеста најчесто е наследна и искрено се плашам дека утре може моето дете да заврши како мене. Во прв момент не прифаќав дека со мене нешто не е во ред, мислев темпераментот ми е таков, бидејќи никогаш не сум имал средина, јас секогаш одев од една крајност во друга. Но откако бев речиси кај 10 психијатри и сите ја потврдија дијагнозата: Ф 31,6 биполарно растројство и тоа брзо растечко, сфатив дека морам да се справам со него и да започнам со третманот.
Биполар е всушност манична депресивна психоза, тоа е доживотна ментална болест во која честопати се менуваат плус и минус фази на расположението. Кога сум во плус фаза се ми е супер, еуфоричен сум премногу, креативен сум, пишувам песни (најубавите песни како “Не сум те заборавил” и “На дистанца”, ги напишав во оваа креативна фаза со 22 години дури без да знам дека сум биполарен). Компонирав, постојано патував, направив албум, снимив повеќе од 20 спота за неколку месеци, трошев премногу пари, бев премногу енергичен, можев да буквално сè. Не спијев со ноќи, со и без причина се карав… Кога фазата е минус, доаѓа депресивната фаза, буквално не можам да станам од креветот, не правам ништо зашто до ништо не ми е, во ништо не наоѓам смисол и само размислувам како себе си да си ги прекратам маките.
Новиот ден, новото утро е благослов, но почесто проклетство. Зарем повторно? – се прашувам!
Инаку, од биполарно растројство страдаат Бритни Спирс, Мараја Кери, Џони Деп, Жан-Клод Ван Дам, Кетрин Зета Џонс, Кање Вест, Џим Кери, Стинг, Кортни Лав, Шинед О’ Конор, а боледувале и Робин Вилијамс, Ејми Вајнхаус, Курт Кобејн , па дури и Мерилин Монро, Ван Гог и Бетовен… Толку многу уметници, што некои и ја нарекуваат болест на уметниците.