Радио Милева

Црногорскиот пејач кој боледува од тешка болест донесе драстична одлука: „Не сакам да имам деца“

Црногорскиот пејач кој боледува од тешка болест донесе драстична одлука: „Не сакам да имам деца“

Бојан Томовиќ веќе подолго време не е актуелен на музичката сцена, а неодамна откри дека боледува од биполарно растројство, хронично ментална болест, позната како и пореметување на расположението.

Тој сега се огласи и истакна дека не сака да има деца бидејќи неговата болест е наследна.

„Сега целото семејство и околината ме осудуваат што донесов одлука да немам деца. Па, тоа е мое право. Можеби не можам да ги имам, а и да можам, не сакам бидејќи биполарното растројство е наследно и не сакам децата да поминуваат низ истото. Мислам дека покрај толку лекови кои ќе ги пијам до крајот на животот, нема да бидам одговорен татко, како што не можев да бидам одговорен сопруг, па јас и сопругата се разведовме по 13 години брак“ вели тој и додава дека сака неговата одлука да биде почитувана од неговите блиски роднини.

фото: принтскрин/фб

„Секоја чест на храбрите луѓе кои имаат ментална болест, а сепак ризикуваат и се реализираат како родители, но тоа е нивна одлука, како што е моја одлука никој никогаш да не ме каже „тато“. Но, јас имам љубов за децата на моите браќа и сестри. Можеби само сум себично ѓубре т.н уметничка душа која живее во својот свет и си е доволна сама на себе. На децата им е потребна радост и среќа, а не болка, стресови, нездрави еуфории и чести депресии“ вели Томовиќ кој веќе некое време живее во Црна Гора.

To top