Тијана Дапчевиќ зад себе има кариера долга повеќе од две децении, а од самиот почеток, па досега често експериментираше и го менуваше својот стил.
Сме имале прилика да ја видиме со кратка, долга руса коса, со розова….и во разни други изданија, но секогаш е оригинална и препознатлива.
Тијана е активна на „Инстаграм“, па неретко знае да сподели фотографии, некогаш од патување, некои како рекламира производи, често знае да сподели дека готви или пак да извади и некоја фотографија од архива и да се потсети како изгледала некогаш.
Така и беше овојпат, кога Тијана на „Инстаграм“ објави фотографија од пред неколку години на која позира во кратко фустанче во крем објава и со кратка коса.
„Јас бебе. Фотографирано пред xx години, некој едиторијал за некои весници. Убаво време, а убаво е и сега. Наздравје другари“, напиша Тијана на својот „Инстаграм“.
Нејзините следбеници се согласија дека Тијана не се променила многу отогаш, па досега.
Меѓутоа, она што многумина го коментираат е дека сличноста помеѓу Тијана и нејзиниот син Вук, односно дека нејзиниот наследник е копија на пејачката.
„Вау, колку личи Вук на тебе“, „Љуби го мајка, колку Вук личи на тебе“, „Колку на Вас личи вашиот син, како близнаци сте“, „Вук“, „Беше и остана преубава. Инаку ти на ова фотографија и Вук сте копи – пасте“, се само некои од коментарите кои може да се прочитаат.
Инаку, Тијана неодамна ја доведе својата линија до совшренество, па многумина може да и завидат на нејзиниот изглед.
Дапчевиќ се прослави и со нејзината улога на Германката Ула во серијата „Преспав“ , a наскоро ќе започне и снимањето на 6-та сезона, па Дапчевиќ ќе дојде во Скопје каде што ќе биде одреден период додека трае снимањето.
Ќе се согласите дека на фотографијата Тијана и Вук се „сopy – paste“.
фото: инстаграм/тијана дапчевиќ