Радио Милева суеверна

„Чукам во дрво и носам црвен конец“: Теа Таировиќ не прави една работа никогаш за да има пари и навистина функционира (фото)

„Чукам во дрво и носам црвен конец“: Теа Таировиќ не прави една работа никогаш за да има пари и навистина функционира (фото)

Теа Таировиќ својата огромна популарност ја круниса со голем солистички концерт на Ташмајдан, а гордо ја носи титулата „кралица на бакшишот“ бидејќи социјалните мрежи секогаш беа преплавени со видеа од забави на кои добива значителни суми на пари.

Во една прилика таа изјавила дека отсекогаш знае да процени кои песни носат добар бакшиш, а ретко кој би рекол дека оваа пејачка е суеверна или можеби има некаква тајна за тоа?

– Не смеам да ја оставам чантата на под бидејќи никогаш нема да имам пари. Многу сум суеверна, редовно чукам во дрво и носам црвен конец – признала Теа за Гранд.

Да потсетиме, пејачката Теа Таировиќ пред две години на една свадба во Берлин на барање на гостите 47 пати го испеа овој хит, поради што доби огромен бакшиш.

– Теа имаше тезга на ромска свадба во Берлин. Кога ја пееше „Ајде“ сите скокнаа и почнаа да ја опсипуваат со евра. Нејзините раце беа полни со пари – изјави тогаш извор за локалните медиуми и објасни:

– Сите ја нарачаа само таа нејзина песна. Избројав, 47 пати ја испеа „Ајде“. Слушнав на крајот на вечерта дека добила бакшиш од 14.000 евра.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Теа Таировиќ/Камарад продукција

To top