Радио Милева

Чудо од баба: За 90-годишната Добрила од Дојран зборува целиот Балкан, а еве како изгледаше во младоста!

Чудо од баба: За 90-годишната Добрила од Дојран зборува целиот Балкан, а еве како изгледаше во младоста!

Во последната сезона на музичкото шоу “Никогаш не е доцна“ целиот регион го освои 90 – годишната Добрила Ивановска Чабриќ од Дојран.

Уште првото појавување на музичката сцена на „Гранд“, таа ги освои присутните и беше наречна “чудо од баба“. Секогаш се чекаше нејзиниот настап и да го наполни студиото со позитивна енергија.

На снимањата на „Гранд“ од Дојран до Белград пристигнуваше со нејзиниот автомобил, а неколку пати има изјавено дека среде ноќе оди и во казино за да ги масира жените.

Со нејзината ведрина и волја за живот таа стана фаворит во шоуто, а многумина ја обажаваат и „завидуваат“ на нејзината енергија.

За нејзиниот изглед  и виталност зборува целиот регион, а  со своите изведби успеа да расплаче многу музички ѕвезди меѓу кои и Цеца Ражантовиќ, Маја Оџаклиеска…

Добрила некогаш беше голема ѕвезда во Русија и Кипар, а денес ја нарекуваат „чудото од баба“ од Македонија.

Вака изгледаше Добрила на почетокот на кариерата.

За нејзиниот животен опус, за нејзините ревии, претстави, настапи може да погледнете во видеото подолу.

Инаку, Добрила според гласовите на публиката го освои првото место во регионалното музичко шоу „Никога не е доцна“.

фото:принтскрин/јутуб

Останати вести од Радио Милева