Со песната „Не сум твој тип“, групата „Дупер“ дебитира на македонската музичка сцена. Штом почна да се врти по радиостаниците, за песната веднаш следуваа добри коментари и пофалби, а за бендот дека се вистинско освежување и поп-група, која е поразлична од она што сме имале можност да го слушнеме досега.
Ова поп-трио го сочинуваат: Илчо Нечовски – вокал и бас-гитара, Мартина Баракоска – тапани и Борис Какуринов – гитара и клавир. неодамна за македонските медиуми открија дека веќе имаат материјал и за цел албум, а наскоро планираат и настапи во живо како во Скопје, така и во клубовите низ земјава.
Како автори на нивната прва песна „Не сум твој тип“ го потпишуваат заедно, а велат дека така и ќе остане. Песната е снимена во студиото „Подрумот“ на Ангел Ќосев, а необичното и несекојдневно видео го режирал Томи Акимовски.
Еве како звучат и изгледаат „Дупер“ во нивнаото деби, „Не сум твој тип“…