Гордана Шаулиќ, вдовицата на Шабан Шаулиќ, сакала да го посвои неговиот вонбрачен син Роберт, но понудата ја одбила неговата мајка Невенка Продановиќ. Наместо тоа, таа од Шаулиќ земала 100 илјади марки и за тие пари направила куќа во близина на Зрењанин.
-Нена не сакаше да дозволи синот да живее со Шаулиќ, туку бараше тие да им направат куќа. Тоа беше во 1978 година, Шабан и Гоца дадоа околу 100 илјади марки за градење на куќата, а подоцна плаќаа алиментација за Роберт до неговата 18-та година – тврди соговорникот за српските медиуми.
Единствениот сведок од тоа време, Хасан Дудиќ, братичед на Шабан од тетка, кој тоа го потврдува.
-Точно е. Лично Гоца ги даде парите на мајката на Роберт за да направи куќа за себе и за детето, тоа беше во 70-тите години. Јас знам се за тоа и можам да посведочам, треба вистината да се каже. Гледам дека многумина коментираат како Гоца не му давала на Шабан да биде во контакт со синот, а тоа се лаги и измислици. Шабан можеше да го гледа синот и да се слуша со него кога ќе посака, вели тој, додавајќи дека наскоро ќе се види со Роберт.
-На погребот ми рече дека многу му е тешко поради смртта на Шабан, плачеше. Треба наскоро да го слушнам и да се видам со него за убаво да позборуваме. Баш ми беше тешко кога ми кажа „Чичко, ќе влезам во капелата да и изразам сочувство на Гоца, на сестрите и на братот“, Роберт е многу добар човек, заклучува Дудиќ.