Мегафон

Четкар ве кани на концерт на зајдисонце во Охрид

Четкар ве кани на концерт на зајдисонце во Охрид

Овој петок (20 јули), со почеток во 19.00 часот,Владимир Василевски Четкар ќе одржи концерт на зајдисонце на плажата „Бонанца“ во Охрид.

Музичарот ќе настапи со својата авторска музика во секстет постава, која ја сочинуваат Трајко Велков на труба, Борислав Веселинов на тенор-саксофон, Филип Стевановски на тромбон, Ѓоле Максимовски на бас и Виктор Филиповски на тапани.

Еве ја неговата видеопокана: