Мегафон

Четкар со концерт на 23 јануари во „Станица 26“

Четкар со концерт на 23 јануари во „Станица 26“

На 23 јануари (среда) во 21.30 часот, Владимир Василевски – Четкар ќе одржи концерт во Скопје во „Станица 26“. Со овој концерт пред македонската публика македонскиот џез-фанк виртоуз на гитара за првпат ќе се претстави со 10-то член состав наречен „Владимир Четкар џез-соул-фанк ансамбл“. 

Четкар на концертот ќе биде придружуван од: Сара Николовска, Ана Костадиновска, Демир Кантуровски, Игор Величковски, Филип Стевановски, Гордан Спасовски, Ѓоле Максимовски, Ратко Даутовски и Виктор Филиповски. 

Овој концерт, како и минатогодишниот концерт на Четкар во „Станица 26“, е организиран од страна на „3 Гонга“, а влезниците можете да ги набавите преку продажните мрежи на „Карти“ и „Купи карти за сè“.

To top