Промотер

Четкар промовираше спот за новиот сингл – „A New Day“ (ВИДЕО)

Четкар промовираше спот за новиот сингл –  „A New Day“ (ВИДЕО)

Светски познатиот џез и фанк музичар од Охрид, Владимир Василевски – Четкар, деновиве го промовираше новиот музички спот за новиот сингл „A New Day“.

Видеото се снимаше на повеќе локации во Охрид и е во режија на Бојан Симјаноски.

‘A New Day ‘ или ‘Нов Ден’ е комплетно авторско дело на Четкар на кое тој е потпишан како композитор, аранжер, текстописец, диригент и изведувач (вокал и гитара).

Песната е снимена со жива инструментација во Чикаго во студиото ‘Electrical Audio’ на познатиот Американски продуцент Стив Албини (познат по соработките со Нирвана, Лед Зепелин и т.н. ) и во ‘Hi Fi Studios’ во Милвоки.

To top