На македонската ТВ водителка Снеже Велков и заврши паузата на емисијата „Нешто конкретно“, па ја започна новата сезона која веќе се емитува на телевизија.
Таа ги најави првите гости од првата епизода кои сите до еден беа машки, а меѓу гостите беше и македонскиот џез-музичар Владимир Василевски – Четкар.
Кај Снеже на разните провокативни и интересни прашања кои можат да ве замислат но и да се изнасмеете, беше и она што сакаше да го каже Четкар за охриѓани и охридските кајчиња.
Така тој како роден охриѓанец со интернационално реноме, храбро откри една пикантерија за охриѓани на они кои не знаеја досега како им пораснал наталитетот.
– Кајчево беше главно место за праење деца во Охрид. На времето немаа пари луѓето по хотели да одат и ќе најдеа холанѓанки кои ги викаа маратонци. И в кајче цело езеро е нивно. И тука што се правеше што се правеше… И така кајчињава да не беа, Охрид немаше да биде ниту 60 илјади, ќе беше 10 илјади.
View this post on Instagram
Заклучокот на некои од анегдотата на Четкар беше дека „ништо без кајчињата“, а од таму и она „затвори ја вратата не си во кајче роден“, сега има одговор „таму сум правен“.
Коментарите под видеото почнаа да се редат, некои слатко се изнасмејаа, а некои малку се навредија па, не им беше воопшто смешно.
Четкар со години живее на релација Америка – Македонија. Тој за себе вели дека е авантурист кој сакал да биде археолог кога ќе порасне.
Сепак, денес и е посветен на музиката, но авантуристичкиот дух дефинитивно го задржал.
Фото: Инстаграм/vladimir_cetkar