Радио Милева

Четири години во кома: Неврохирург ги откри деталите за моменталната состојба на Шумахер!

Четири години во кома: Неврохирург ги откри деталите за моменталната состојба на Шумахер!

Поминаа повеќе од четири години откако светскиот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, е тешко повреден на скијање.

Оттогаш тој е во кома, додека семејството се потруди целосно да ја зачува приватноста, па медиумите не можат да најдат детали за неговата состојба. Познатиот хневрохирург Колин Шеф, иако никогаш не го лечел Шумахер, на база на своето богато искуство откри што може да се очекува од таквата ситуација.

-Природата на повредата и информациите кои ги добиваме, сугерираат дека неговиот мозок претрпел голема штета. Како последица на тоа, неговиот мозок не функционира нормално. Што подолго е во таа состојба, се потешко е да се очекува подобрување. Ситуацијата сигурно нема да се поправи. Тој сигурно не може да зборува. Можеби е во состојба да покажува со раката. Или можеби само може да ги погледне децата и да слуша мусика, објаснува докторот и додава дека семејството на Шумахер неделно за нега има болнички трошоци од 200 илјади евра, што според неврохирургот е претерано.


Инаку, Шумахер кон крајот на 2013 година, по падот од скијање ја удри главата во стена. Долго беше во вештачка кома во која најверојатно е и денес.

Останати вести од Радио Милева