Радио Милева

„Честито да ми е“: Сара Мејс сама си поласка на „Инстаграм“, па се пофали што направила

„Честито да ми е“: Сара Мејс сама си поласка на „Инстаграм“, па се пофали што направила

Надвор е „камен студено“, па од дома не излегуваме без својата зимска опрема, односно ракавици, капа, шал….

Кога сме пак дома, неизбежно е да го вклучиме парното, климата или пак да го „напалиме огинот“ кој ќе не стопли во овие зимски денови.

Македонските јавни личности, изгледаа обожаваат да зимуваат и не им пречи студеното време. Па така, некои од нив уживаат во Маврово, некои за своја локација го одбраа Банско, а некои како Љупка Митрова наместо да зимува, таа летува во Дубаи.

Македонската пејачка Сара Мејс ужива во зимските денови во својот дом, а друштво и прави нејзиното семејство, односно сопругот Димитар Атанасовски и ќерката Илина.

Иако, Диме поради работните обврски деновиве не беше дома, Сара максимално ги полни батериите на топло.

Мејс често на социјалните мрежи знае да се пофали како готви во кујна и прави некои специјалитет. Меѓутоа, овој пат пејачката се пофали што направила друго односно дека првпат напалила огин.

фото: Инстаграм

Имено, за потребите на ладното време, Мејс го стопли својот дом, а на социјалните мрежи се пофали дека и за тоа ја бидува, па си поласка сама на себе.

„Честито да ми е, сум знаела и јас да палам. Мојот прв огин“ напиша Сара на „Инстаграм“.

фото: Инстаграм

За потсетување, Сара и Диме од бракот ја имаат ќерката Илина која им е најголемо богатство, па секој момент го користат да го поминат заедно.

фото: Инстаграм
To top