Радио Милева

Честитки за Столе Стоилов и неговата избраничка: Сега е женет човек, а наскоро ќе стане и татко (фото)

Честитки за Столе Стоилов и неговата избраничка: Сега е женет човек, а наскоро ќе стане и татко (фото)

Кон крајот на месец јануари годинава, во домашните медиуми се пиуваше дека капитенот на „Вардар“, Столе Столов, ќе игра уште една важна позиција во својот живот – ќе стане татко.

Оттогаш поминаа шест месеци, а Стојанче беше резервиран кога е приватноста во прашање, па ја потврди само бременоста на саканата Деница Огненовска, без многу детали околу женачка.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/eve-ja-vistinata-i-detalite-deka-stole-stoilov-kje-stane-tatko/

Сепак, она што е тука, тука е, трудничкото стомаче на неговата избраничка рипна, фати лошо време на коронавирус, па младите сега се одлучија да ја официјализираат врската и да станат сопружници пред законот.

фото:стефан стоилов/принтскрин/инсатграм

И овој пат Столе остана доследен за тоа да не открива многу, но неговиот брат Стефан објави една фотографија од интимна забава заедно со младите по регистрацијата на бракот, а потоа почнаа да се редат честитките.

За потсетување, сега веќе сопругата на Стоилов, односно мајката на неговото дете  по професија е уметник, а пред бракот заедно беа само неколку месеци.

To top