Радио Милева

Честитки пристигнуваат од сите страни: Северина и Игор имаат важен датум за славење: „Те сакам, радост моја“

Честитки пристигнуваат од сите страни: Северина и Игор имаат важен датум за славење: „Те сакам, радост моја“

Иако во светот владее пандемија, па речиси сите сме во изолација, постојат среќни моменти на кои треба да се радуваме.

Еден таков момент има и пејачката Северина Којиќ која прославува пет години од бракот со Игор Којиќ.

Таа на социјалните мрежи објави заедничка фотографија, а во описот напиша емотивна порака.

„5 години љубов, среќа, почитување, 5 години прекрасен живот. Те сакам радост моја“ напиша пејачката на социјалните мрежи.

фото: инстаграм

За потсетување, Северина дојде во Белград да го види својот син Александар кој е под старателство на нејзиниот поранешен сопруг, но пејачката се уште не го виде синот бидејќи тој со неговиот татко е во самоизолација.

To top