Радио Милева

Честитки пристигнаа од сите страни: Тијана Дапчевиќ имаше убав повод за славење (фото)

Честитки пристигнаа од сите страни: Тијана Дапчевиќ имаше убав повод за славење (фото)

Тијана Дапчевиќ постојано е на релација Белград – Скопје, па кога е во Македонија времето го поминува со нејзините најмили, односно нејзините родители, сестрата Тамара и внуците Хана и Дарен.

Кога е пак е во Белград ужива во семејната идила со сопругот Милан и синот Вук.

Тијана пред камерите секогаш е позитивна и насмеана, подготвена и да каже некоја шега за да ги насмее гледачите. Меѓутоа, деновиве поточно вчера (03.02.2020) таа имаше повод да се насмее во текот на целиот ден и да  биде радосна.

Дапчевиќ го прослави својот 44 роденден, а по тој повод на социјалните мрежи се нижеа разни честитки од нејзините фанови и следбеници.

Но, веруваме дека најубавите честитки полни со љубов пристигнале од нејзините најблиски, меѓу кои и нејзината внука Хана.

фото: Принтскрин/инстаграм

Тамара во кратките приказни на својот „Инстаграм“ објави видео во кое Хана со пеење го честита роденденот на својата тетка.

Дапчевиќ не откри дали направила некоја роденденска забава, но се пофали дека себе си се почестила со одреден третман.

фото: принтскрин/инстаграм

Станува збор за ласерска операција на вените, а по завршувањето на овој третман, Тијана се пофали и со крајниот резултат.

„Како што се вели, среќен роденден со моите нови нозе“ напиша пејачката на социјалните мрежи.

фото: принтскрин/инстаграм

Редакцијата на вистина.ком.мк и посакува среќен роденден на Тијана, да е жива и здрава и да слави уште многу години.

За потсетување, Тијана неодамна на „МАC“ заедно со Фрајле ја доби наградата за најдобра обработка на песната „Негатив“.

To top