ТВ водителот Ване Маркоски по потекло е од Тетово каде и живее целото негово семејство, но поради неговите професионални ангажмани тој подолго време живее и работи во Скопје.
Пред неколку години Ване се пресели во стан во скопската населба Аеродром, каде заедно со своите миленици живееше во познатиот „Скај Сити“.
Но периодов очигледно на Ване му се случиле доста промени и искушенија во животот, па како што вели од периодот кој му бил „каша-попара“ извлекол поука, а го променил и местото на живеење.
Па така, од Аеродром се пресели во друг стан во Сопиште од каде го фотографираше новиот поглед од тераса и напиша:
-Денов и периодов, каша – попара Но, ако нешто научив во животот, баш тогаш кога имаш најмногу искушенија, прави промени и не застанувај, бидејќи се си има зошто. Време е за нови убави спомени.
А убавите спомени, мирот, спокојот ги правиме сами, затоа тој не се фрли на работа со преселбата,туку ги скапува куферитите и замина на одмор во Бодрум.
Уште на аеродром ги извести своите пријатели дека ќе лета кон Турција каде решил да си даде време на себе, а следбениците му посакаа среќен пат и убав помин.
View this post on Instagram
Дека убаво си поминува, Ване веднаш презентираше на својот Инстаграм и Фејсбук профил и покажа дека убавите нешта секогаш за себе најдобро можеме да ги создадеме самите.