Извори за Курир.рс велат дека одговорните лекари се обидувале до последно да го спасат животот на легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ, но попусто. Тие се труделе со реанимација час и половина, а му биле давани електрошокови, адреналинот бил даван во големи количини.
-Спас немаше. Правата линија не се помрдна. Иако на сите им беше јасно дека го изгубија, тие не се предадоа. Даваа и само додадаваа адреналин, но на крајот, скршени, мораа да запрат. Неколку часа после тоа, сите плачеа, вели изворот на српски Курир.
За потсетување, Балашевиќ десетина дена, со пневмонија, се лекуваше дома од ковид-19, а од средата во болница, каде што почина во петокот.
View this post on Instagram
На Ѓорѓе Балашевиќ му откажа срцето, а ниту респираторот, ниту сите медицински напори на лекарите од Клиничкиот центар во Војводина не можеа да му помогнат.
Според објавените информации од медиумите во соседството, штом го ставиле на апарати за дишење, срцевиот ритам отишол под 50 отчукувања во минута. Лекарите веднаш му вградиле пејсмејкер, кој го регулира срцевиот ритам. Но, за жал, по половина час, срцето му застана.