Радио Милева

„Целата се тресеше, не смееше на никој да каже“: Што се крие зад љубовната врска на Слоба и Луна?

„Целата се тресеше, не смееше на никој да каже“: Што се крие зад љубовната врска на Слоба и Луна?

Во реалното шоу „Задруга“ секојдневно имате прилика да видите разновидни изненадувања, од кавги до секс.

На големо се зборува за врската меѓу Луна Џогани и Слоба Радановиќ, а откако Сашка Каран излезе од реалното шоу откри тајна која можеби многумина ќе изненади.

Во интервју за Свет, учесниката во „Задруга“ вели дека Радановиќ физички ја нападнал Луна во тоалетот.

„Целата се тресеше, не смееше на никој да каже! Гаги цел живот ја тепаше Анабела, па очигледно и Луна“, Каран го изнесе своето мислење.

Но, дали признанието на Сашка е точно останува да видиме.

To top