Сопругата на познатиот водител Огнен Амиџиќ, убавата Данијела Димитровска која има македонско потекло дополнително ја запали атмосферата на ионака неподносливите жештини.
На сите им е веќе познато дека таа е успешна манекенка и важи за една од најубавите жени во регионот, убавица која има совршена фигура и тело, но никој не можеше да си поверува дека поради оваа фотографија ќе ги запали социјалните мрежи.
Кога данијела ќе се појави на плажа во костим за капење, без оглед дали е во вода или на суво, влажните погледи се вперени во неа, а мажите остануваат подзинати и насмеани од уво до уво.
На водителот според коментарите воопшто не му е лесно поради ултра згодната сопруга по која се врти целата плажа.
Фото: Инстаграм принтскрин/danijeladimitrovska