Анџелина Џоли важи за една од најпознатите актерки, но освен за Бред Пит речиси ништо не се знае за нејзиниот приватен живот.
Имено, таткото на Џоли е холивудскиот актер Џон Војт кој е добитник на „Оскари“, „Златни глобуси“ и наградата Бафта.
За убавината на Џоли често се коментира, посебно нејзините полни усни. Меѓутоа, ако ја споредите со фотографијата на нејзиниот татко, ќе сфатите дека гените се чудо.
Познатата актерка својата убавина ја наследила од нејзиниот татко кој изгледа вака:
Тој и беше најголема помош во кариерата, па на 7 години се појави во филмот “Lookin’ to Get Out“, филм во кој косценарист и главен актер беше нејзиниот татко, а во 1986 и 1988 година заедно со него присуствуваше на доделувањето на „Оскари“.
Меѓутоа, кога Анџелина започна да ја гради актерската кариера, Џоли одлучи да не го користи презимето Војт бидејќи сакаше да го докаже својот идентитет како актерка.