Откако Наташа Беквалац доби Букет прекрасни рози како роденденски подарок, целиот регион се празшуваше кој е мистериозниот подарувач на букетот за нејзиниот 39-ти роденден!?
Медиумите, како и социјалните мрежи веднаш почна да вријат и беа преплавени со претпоставки за можниот џентлмен, нагаѓајќи дали има и кој е новото момче на русокосата пејачка?
За да не ги држи во неизвесност, Беквалац се огласи на социјалните мрежи и ги замолче љубопитните!
„Букетот го добив од мајка ми и татко ми, а напишав порака: те сакам, затоа што истата стои и на мојот ѕид. Момче не ми треба ниту на слика, така што… без паника“ – напиша Беквалац.