Во новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Цеца Ражнатовиќ е новиот член на жирито наместо Јелена Карлеуша.
Меѓутоа, пејачката Ивана Петерс која соработуваше и ги подготвуваше кандидатите на Јелена Карлеуша, сега ќе биде дел од тимот на Цеца Ражнатовиќ.
Наводно, пејачката ја поканила Ивана бидејќи е одлична пејачка и има такво искуство.
„За Ивана се одлучив бидејќи таа е наш одличен пејач. Сите знаат каков вокал е таа и не морам ништо да кажам по тоа прашање. Јас приватно ја обожовам, затоа и ја побарав во својот тим“, изјави Цеца.
Таа додаде дека во нејзиниот тим ќе биде и Дамир Хандановиќ, како и психиологот Александра Јанковиќ која е добра пријателка на Цеца.
Пејачката објасни дека нејзиниот тим ќе работи на професионално ниво со кандидатите, а потоа некој од новинарите ја праша Цеца зошто во нејзиниот тим нема да Мира Шкориќ која претходната година заедно со Ивана Петерес работеше во тимот на Карлеуша, Ражнатовиќ збесна на прашањето и одговори:
„Да ве прашам јас нешто, дали јас спомнав некој друг? Ви кажав Хандановиќ, Ивана и Александра“, одговорила луто Цеца.
Инаку, Цеца и Мира Шкориќ некогаш беа неразделни, а наводно Мира Шкориќ и се налутила на својата Ражнатовиќ бидејќи не била покрај неа за време на една семејна трагедија.
фото: Принтскрин/телеграф.рс