Светлана Цеца Ражнатовиќ пред неколку дена уживаше на одмор во Кипар во друштво на сестрата Лидија и внукот Жељко.
Таа речиси секојдневно објавуваше фотографии и ги известуваше нивните следбеници како го поминува времето таму.
Додека уживала во одморот, една вечер, пејачката излегла на вечера со својата сестра Лидија. Таа за оваа прилика одбрала син фустан која одлично и прилега на нејзината фигура.
Меѓутоа, на социјалните поточно кажано на Твитер, фановите на пејачката веднаш забележаа дека носи фустан кој носела пред 10 години.
„Цеца која носи фустан преку 10 години, секоја чест“, „Јас сакам вакво нешто, тоа значи да не е оптеретана“, „Ова навистина е за пофалба“, „Верувам дека работите и стојат на Кипар и дека таму ги носи“, се само некои од коментарите кои може да се прочитаат.
Инаку, пејачката вече подолго време ужива во љубовната врска со бизнисменот Богдан Срејовиќ.
фото: инстаграм/цеца ражнатовиќ/твитер