Балканската фолк дива е позната по многу нешта, но кога е физичкиот изглед во прашање, таа беше една од првите во регионот која направи естетски зафат и си стави силикони. Истите ги одржуваше и обновуваше, па нејзините гради изгледаа навистина огромни се до неодамна, кога Цеца реши се врати на старо… Или барем приближно на природниот изглед кога е бујната предница во прашање.
Имено, Светлана Цеца Ражнатовиќ во јануари реши да си ги намали градите. Деновиве времето станува се потопло па Цеца за прв пат облече деколтирана маичка. Од фотографијата која ја направи убаво се гледа како сега изгледа… За разлика од порано, градниот кош на Цеца изгледа многу порамно!