Радио Милева на 18-тиот роденден

Цеца вака некогаш славеше полнолетство (ФОТО)

Цеца вака некогаш славеше полнолетство (ФОТО)

Балканската фолк дива Светлана Цеца Ражњатовиќ во 1991 година го прослави своето полнолетсво со 18-иот роденден, на кој  се собраа половина од колегите од тогашната естрада.

Роденденот на Цеца беше организиран од нејзиниот тогашен менаџер Влада Перовиќ во ресторанот „Дорќол“.
Интересно е и тоа, што кралот на народната музика, трагично загинатиот Шабан Шаулиќ, исто така, тогаш се појавил на роденденот на Цеца.

Цеца објави некои од овие кадри во нејзиното видео за песната „Еј врсници“.

Иако беше на почетокот на својата кариера, нејзините колеги го препознаа потенцијалот на идната фолк дива, па на оваа прослава на нејзиниот 18-ти роденден присуствуваа дури и тогашните мегавеличини на народната музика како што се споменатиот Шабан Шаулиќ, Зорица Брунцлик, Вера Матовиќ, Бранка Соврлиќ и многу други кои беа повикани како гости.

To top