Радио Милева

Цеца се враќа на Гранд: Пејачката ќе биде член во познатото музичко шоу

Цеца се враќа на Гранд: Пејачката ќе биде член во познатото музичко шоу

Светлана Цеца Ражантовиќ беше член во жирито на „Пинкови ѕвезди“, а сега повторно ќе биде член на жири во едно музичко шоу.

Имено, фолк дивата ја прифати понудата од директорот на Гранд да биде член во жирито во финалната емисија на „Никогаш не е доцна“.

„Никогаш не е доцна за љубов, за пријателство и хуманост. Мене ми е задоволство што сум дел од овој спектакл и што можам да учествувам во среќата на овие луѓе кои се пријавија за ова музичко натпреварување. Имам тешка задача, а морам да признам дека ми е најтешко ако треба да одлучувам за туѓа судбина, изјави Цеца.

За ова прилика, Цеца се одлучи за фустан прилепен за нејзиното тело и ги покажа своите атрибути.

Покрај Цеца, член на жирито ќе биде и Ацо Пејовиќ.

фото: рас србија

To top