Цеца Ражнатовиќ и нејзиното семејство се појавија на прославата на вториот роденден на шоуто “Екскузиво” во четвртокот, на 11-ти април, и веднаш штом излезе од автомобилот, луѓето забележаа голема промена кај фолк дивата.
Имено, по 25 години, Цеца ја имаше фризурата што ја имаше и во видеото за песната „Оди како ти си млада“, со која изгледа многу посвежо и секси. Но, она на што не остана никој рамнодушен, особено не мажите, беше нејзиното длабоко деколте кое, едноставно, на очите не им дозволуваше да погледнат подалеку од него.
Нејзините деца, Анастасија и Вељко, и свршеницата на нејзиниот син, Богдана Родиќ, исто така беа со неа присутни на прославата.
Фото: АТА имиџис/ Инстаграм принтскрин