Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ, наскоро ќе ја претстави својата прва песна, дело на македонскиот композитор и продуцент Дарко Димитров.
Наследничката на Цеца веќе долго време ја бара вистинската песна, а сега е сигурна дека се споиле сите коцки.
Нејзината мајка цеца е многу среќна што Анастасија ќе заплови во музичките води и не крие дека е воодушевена од нејзината одлука.
-Секој труд на крајот се исплати. Ако успееш, успееш, ако не успееш, не успееш, таа е образована, млада, убава, здрава девојка и ќе најде некоја друга професија, но важно е да се обиде, за утре да не се кае, а има големи можности да направи нешто кога е музиката во прашање, вели Цеца во емисијата „Премиера“.