Фолк-пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна доби внук и со тоа се стекна со титулата баба, која гордо ја носи.
Отворено за тоа, периодот на короната, семејството, љубовта, изгледот… Цеца зборува во интервјуто преземено од српскиот портал Информер.
Сега кога сте баба за прв пат, а Вељко и Богдана родители, кој најдобро се снајде за овој краток период и дали на некој начин беа поделени „должностите“ околу малиот принц?
– Секако дека најдобросе снајдов јас. Едноставно, тука сум, го сакам тоа дете, можам да му дадам смеа, радост, своето време. Родителите стануваат побогати и поискусни секој ден во стекнувањето искуство како е да се биде родител.
Судејќи според фотографиите на Инстаграм, може да се види дека често излегувате во град, и дека не седите нон-стоп заклучени дома?
– Кога новинарите ми ги бројат излегувањата, очигледно излегува дека често сум надвор од дома. Ако мене ме прашате, да излезете два, три пати месечно и не е често според мене. Но, нека биде дека често сум надвор од куќата. Едноставно, имам нормални социјални потреби како и сите други човечки суштества, а тоа е да имам социјален живот. Имајќи предвид дека немам патувања, концерти и слично, барем можам да имам време во јавноста за моите пријатели, и да одам на вечера каде што ќе се опуштам и ќе уживам малку.
Како изгледа кога Цеца се појавува во преполн ресторан?
– Секој ми се восхитува во тајност, во себе (се смее). Само се шегувам малку. Луѓето доаѓаат да не пречекаат, да се фотографираат, што е нешто сосема нормално. Ако ме прашате, дали некој ми се додворува – не, тоа не се случува.
Дали мислите дека е тешко да и се пријде на Цеца денес и некој да се обиде да ја освои? Дали мажите имаат храброст?
– Да не лажеме, тешко е да ми се пријде. На пример, дури и ако сакате да ми пријдете во ресторан, нема шанси тоа сите да не го видат. Не знаете како ќе реагирам. И така натаму. Не знам како да ги посоветувам припадниците на посилниот пол. Она што со сигурност можам да го кажам – нема прва да им пристапам!
Сакате да кажете дека мажите не флертуваат со вас и на социјалните мрежи?
– Ако флертуваат со мене, тогаш тоа е на некои од моите лажни профили, што би рекле младите, што не се оригинални на Цеца. Никој не ми се додворува на мојот профил, ми оставаат само убави коментари полни со почит, ми се восхитуваат, но тоа е далеку од флерт.
Како треба да изгледа човек кој може да ја освои најголемата балканска фолк везда?
– „И тогаш се појави како да си магија“ (се смее). Да бидам малку сериозна, не ми треба волшебник или магионичар, потребен ми е некој што може да ја разбуди таа хемија меѓу нас. Како ќе изгледа, сега со малку повеќе животно искуство, можам да кажам дека нема правила, но сепак сум естета и обожавам убави настапи.
Како што минуваат годините, од што најмногу се плашите?
– Тој список на стравови е долг. Само да сме здрави, сè друго е лесно. Кога имам здравје, можам да поправам или ублажам сè друго.
Под една од објавените фотографии, напишавте „црвено од радост“. На што најмногу се радувате овие денови?
– Како прво, го напишав затоа што сакам да предвидам неколку убави и радосни настани. Ќе видиме дали тоа ќе се случи. Што се однесува до денешните радости, јас сум најсреќен кога Жељко доаѓа кај мене, и кога имаме време за нас и кога можам да си играм со него. Едноставно, во тоа растење, колку е позрело бебето, толку е поубаво времето што го поминуваме. Тој е мојот најголем извор на радост.
Дали Вељко и Анастасија сè уште знаат да се јават и да речат: „Мамо, ми треба ова и тоа“?
– Секако дека се јавуваат и двајцата и тоа е најнормално. Имаме интензивна секојдневна комуникација, многу сме блиски. Тие се јавуваат кога е потребно, но и во друга прилика. Никој во ништо не претерува, тие се многу зрели, скромни во нивните барања и тоа е тоа.
Обично се знае дека летувате на Кипар, како изгледаше вашето лето оваа година?
– Мрачно, заклучена во четири sида. Или она што би рекле новинарите, „често излегувате во град“. Излегував малку во Белград, малку по Србија. Жал ми е што не заминав на Кипар, но што е – тука е.
Коментарите од луѓето што ве следат тврдат дека никогаш не сте изгледале подобро. Ослабевте, видовме како вежбате. Дали мислите дека генетиката или некој друг фактор е во игра?
– Го прочитав коментарот дека ова е програма за обработка на фотографии. Секако дека ја користам затоа што тие програми ги користат и девојчиња во дваесеттина години, зошто и јас да не ги користам? Но, да бидеме јасни, тука е грижата, козметиката, задоволството, исхраната, но најмногу од сè е важно задоволството. Кога човек е задоволен, тој блеска, зрачи поинаку. Во моментов, јас сум смирена и задоволна, затоа и блескам. Го забележувам тоа, затоа што луѓето во директен контакт со мене ме опсипуваат со комплименти. Нескромно, но искрено. Морам да признаам дека уживам.
Дали некогаш сте подготвени да направите филм во кој би раскажале сè што јавноста толку многу сака да знае за вас, а никогаш не дознала. Се разбира, сè да биде вистина, без разубавување и менување на настаните?
– Секој што понудил да снима филм или понудил соработка, а станува збор за сериозни странски филмски компании, сите тие имаа свои услови. Овие услови, меѓу другото, имаа задолжителна една ставка да им биде мојата биографија што тие ќе ја променат во одредени сегменти како што ним им одговара во сценариото. Тоа беше и почетокот и крајот, односно причината зошто никогаш не се согласивме. Едноставно, за да направам филмска серија, и сè да биде вистина, очигледно тоа би требало да го финансирам сама. Во моментов немам ниту такви афинитети ниту толку финансии.
Фото: Инстаграм принтскрин/cecaraznatovic