Радио Милева

Цеца Ражнатовиќ и прати фустан на Киа за да го облече на финалето од „Задруга“, но тоа не се случи – еве зошто

Цеца Ражнатовиќ и прати фустан на Киа за да го облече на финалето од „Задруга“, но тоа не се случи – еве зошто

Кристина Киа Коцкар вчеравечер требаше да се појави во финалето на „Задруга“ во фустан на Цеца Ражнатовиќ и нејзин накит, кои балканската ѕвезда и ги прати како специјален подарок.

-Киа ми се допаѓа како личност, јас не влегувам во меѓучовечки односи во „Задруга“, таа за мене е силна жена и поради тоа сакав да ја изненадам, кажа Цеца. Сепак, Киа не го облече фустанот бидејќи не и одговарал.

Инаку, Цеца и Киа се запознале во една прилика во авион каде Киа работела како стујардеса. Таа тогаш била девојка на Слоба, па и пришла на пејачката со цел да и каже да посвети внимание на нејзиниот сакан, а нејзе тој гест и бил симпатичен.

To top