Радио Милева

Цеца Ражнатовиќ ги прокоментира написите дека сестрата на нејзината снаа е во врска со Стефан Живојиновиќ

Цеца Ражнатовиќ ги прокоментира написите дека сестрата на нејзината снаа е во врска со Стефан Живојиновиќ
фото: принтскрин

Вељко Ражнатовиќ пред две недели односно на 24 ноември заплива во брачните води со Богдана Родиќ, а следната година ќе станат родители на нивното прво дете, односно син.

Меѓутоа, не престануваат да стигнуваат убави вести од домот на Ражнатовиќ, па тие имаа уште еден повод за славење. Имено, Цеца откри дека нејзиниот син дипломирал на Факултетот за менаџмент и економија во Бањалука.

фото: Принтскрин-инстаграм

„Вељко и Богдана моментално се во Бањалука, тој вчера го бранеше дипломскиот труд и морам да кажам дека сум многу горда“ изјави Цеца за „Блиц“ и уште еднаш ја прокоментира свадбата на синот:

„Убаво, супер се согласуваме, ги сумираме впечатоците. Беше преубава свадба“ изјави пејачката, a кога новинирате ја прашаа дали младенците планираат да одат некаде на меден месец, Ражнатовиќ одговори:

фото: принтскрин/телеграф

„Па засега мислам дека….Но, што ме прашувате мене, јас не сум нивен ПР, имате контакт од нив па прашајте ги“ изјави Цеца низ насмевка.

Деновиве во медиумите се појавија вести дека сестрата на Богдана е во врска со синот на Лепа Брена, Стефан Живијонивиќ, а Ражнатовиќ на оваа тема вели:

фото: принтскрин/телеграф

„Па, нели убаво ви кажав дека не сум ничиј ПР. Јас зборувам само за себе“ изјави Цеца и не сакаше да открива ниту детали за нејзината ќерка Анастасија.

Цеца исто така ги прокоментира и написите во кои Ѓорѓе Давид вели дека за него српска мајка е Лепа Брена, а не Цеца како што многумина ја нарекуваат.

„Па, кога сум коментирала нешто? Резултатите зборуваат за нас. Секогаш, најголема врева прават оние кои најмалку имат постигнато во својот живот. Луѓето кои се успешни и реализирани, немаат ништо лошо да кажат“ вели фолк дивата.

Останати вести од Радио Милева