Цеца Ражнатовиќ поднесе нова, трета тужба против Јелена Карлеуша и тоа поради една изјава.
Познато е дека Карлеуша не се појавува на суд, а пак Цеца постојано ја следи и документира се што зборува и објавува за неа.
Овој пат ја тужи поради тоа што Карлеуша изјави „Цеца е глупа како К***Ц“.
Инаку, првпат на суд се сретнаа пред пет години поради навреди кои Јелена ги упати кон Цеца и Аркан, а неодамна е објавено дека Цеца тој спор го доби.
Во мај годинава повторно бараше помош од правдата бидејќи Карлеуша ги спомена нејзините деца на социјалните мрежи.