Светлана Цеца Ражнатовиќ на својот „Инстаграм“ профил објави фотографија на која Анастасија Ражнатовиќ позира во бикини, па јавно и упати комплимент на својата ќерка.
„Убаво бебе“ напиша Цеца покрај фотографијата.
На фотографијата, младата наследничка на пејачката позира во бело бикини во кое одлично се гледаат нејзините облини.
Фолк дивата отсекогаш истакнуваше дека е горда на своите деца, ќерката Анастасија и синот Вељко.
За потсетување, Анастасија неодамна беше на одмор на Тајланд каде ги полнеше батериите со своето момче.