Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ поради годините не дозволува никој да и каже како треба да се однесува.
„Сега за жена кога ќе наполни 35 години, велат дека е тетка, кучка, милфица… А ние што сме 40 плус? Што сме ние? Мртви ?! Бидејќи овие од 35 се баби, особено ако не се омажиле… Неверојатно“ – изјавила фолк ѕвездата, а потоа објаснила дека жените на нејзина возраст не се за фрлање.
„Тоа се жени кои граделе кариери, тоа се жени кои се во цутот на најдобрите години. Еј, во четириесеттите, тогаш жената созрева и психички и емотивно, зборувам од искуство. Кој е тој што одредува како да се чувствувам сега?! Никој нема право да ми каже дали сум стара или млада, тоа е примитивизам“ – заклучи Цеца, која има 49 години и која стана и баба, откако нејзиниот син Вељко доби дете со снаата Богдана.
Фото: Јутјуб и Инстаграм принтскрин/cecaraznatovic