Радио Милева „викаше“ на кандидатката

Цеца ја пофали дека изгледа како принцеза, а Ѓорѓе Давид бесен „распали“ по Андријана Петрушовска: „Јас не сум задоволен, ова не смее да ни се случи“ (видео)

Цеца ја пофали дека изгледа како принцеза, а Ѓорѓе Давид бесен „распали“ по Андријана Петрушовска: „Јас не сум задоволен, ова не смее да ни се случи“ (видео)

Во саботното издание на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше Андријана Петрушовска (21) која е под менторство на Ѓорѓе Давид.

Македонската кандидатка настапуваше во дуел со Стојна Марјановиќ.

Андријана се претстави со песните „Нека те боли“ и „Да’ л’ она зна“, а на крајот резултатот беше 5:5.

-Што се однесува до Андријана немам ниту една забелешка, прекрасно изгледаш, многу добар репертоар, изјави Вики за нашата претставничка.

-Што се однесува до првата кандидатка таа е како принцеза, како од цртан филм да истрча на сцената, изгледаш супер, Цеца ја пофали Македонката.

Ана Бекута истакна дека Петрушовска не извежбала доволно и дека била несигурна.

-Ти си слатка и фотогенична, но можеби не беше твој ден за пеење, заклучи Бекута.

Ѓорѓе Давид кој е ментор на Македонката истакна дека не е задоволен од нејзината изведба и се развика на кандидатката.

-Андријана, јас лично не сум задоволен, а знам дека не си ни ти, затоа што ова не си ти и не знам што ти се случи, посебно не во правата песна, изјави Ѓорѓе Давид, а македонското девојче се правдаше дека има трема:

-Тоа мене мене не ме интеренсира. Не смееш да ме брукаш на ваков начин, а не смееш ни себе да се брукаш, собери се во баражот, истакна Ѓорѓе, викаше Ѓорѓе.

-Што и викаш на неа бре? Не смееш да и викаш, кажи и со убаво, го прекина Поповиќ, а Ѓорѓе се обрати:

-Не смее ова да ни се случи, многу сум тажен“.

-Што викаш бре. Што ти е, што викаш?, се вмеша и Цеца.

Анријана помина во следниот круг, а како ќе се претстави останува да видиме. Нејзиниот настап погледнете во видеото подолу на 2:01:05.

To top