Радио Милева

Цеца ја изненади Анастасија со роденденски подарок вреден 10 илјади евра!

Цеца ја изненади Анастасија со роденденски подарок вреден 10 илјади евра!

Анастасија Ражнатовиќ организираше прослава за својот 21-ви роденден, а наводно според пишувањата на српските медиуми сакала сама да ги плати трошоците за забавата.

Откако успешно почна да ја гради музичката кариера, Анастасија сакала да биде самостојна во ова, а пак Цеца одлучила да и приреди едно големо изненадување.

Имено, таа од својот пријател златар нарачала уникатна огрлица како подарок за својата наследничка. Во прашање е ѓердан од бело злато со дијамант, чија вредност е до 10 илјади евра.

фото:принтскрин/цецаражнатовиќ

-Цеца никогаш не се штедеше кога се во прашање нејзините деца. Многу е горда на Анастасија која созреа во сериозна девојка, која умее да се грижи сама за себе, вели извор близок до пејачката.

To top