Светлана Цеца Ражнатовиќ ја доби пејачка на суд со која војуваше со години. Вишиот суд во Белград во средата, 30 септември 2020 годин, ја ослободи фолк sвездата од обвинението што нејзината колешка го поднесе минатата година по жестокиот судир во судницата на едно од рочиштата, бидејќи имаше неколку.
За време на парницата, додека траело сослушувањето на судијата, на прашање од претседавачкиот судија зошто нејзината колешка тврди во медиумите дека Цеца го нарачала убиството на Зоран Давидовиќ – Ќанда, Цеца одговорила дека смета оти тоа може да го каже само нарцисоидна и ментално пореметена личност, зборови кои влегоа во записникот, а нејзината колешка ги сметаше нза лична навреда.
Заради овие зборови на Цеца, спротивната страна поднела тужба, но сега го загуби спорот. И покрај тоа, таа има право на жалба на оваа пресуда, па останува да видиме дали постапката ќе биде вратена на почеток. Да потсетиме, фолк дивата се појавува на секое сослушување со колешката, која пак не доаѓа во судот, поради што некои процеси сè уште траат.
Иако српските медиуми не и го споменуваат името, повеќе од евидентно е дека зад „колешката“ или „другата страна“ – како што ја нарекуваат, всушност се крие името на Јелена Карлеуша!
Фото: Инстаграм принтскрин