Радио Милева жестоко

Цеца и Мили во жестока „војна“ во „Ѕвездите на Гранд“: Пејачката бесна го напушти студиото: „Еве ти го овој човек, па нека ти го води жирито“ (видео)

Цеца и Мили во жестока „војна“ во „Ѕвездите на Гранд“: Пејачката бесна го напушти студиото: „Еве ти го овој човек, па нека ти го води жирито“ (видео)

Од емисија во емисија, атмосферата меѓу жирито на „Ѕвездите на Гранд“  станува се повеќе напната, па често помеѓу членовите доаѓа до кавги.

Овој пат, дојде до жесток конфликт меѓу Цеца Ражнатовиќ, Александар Милиќ Мили и Саша Поповиќ по претставување на еден кандидат.

„Мене започна да ме боли главата по првата песна“, прокоментира Ана Бекута за пеењето на еден натпреварувач.

„Тебе секогаш те боли глава, дали си во менопауза, што се случува?, праша Поповиќ, па ја поткачи и Цеца.

„Види ја Цеца, сакаш да к*каш, не сакаш“, изјави Поповиќ.

По ова настана жесток конфликт меѓу некогашните соработници Цеца и Мили, по што Ражнатовиќ бесно го напушти студиото.

„Знам каде пеев и пред и престани да бидеш безобразан. Засрами се од твоите зборови. Јас те создадов, ти немаше ни гитара“ викаше Цеца додека Мили се обидуваше да каже нешто.

„Зошто зборуваш нешто што не го мислиш“ одговори Мили, а Цеца не остана должна:

„Еве ти го човекот, па нека го води жирито“, изјави Ражнатовиќ па го напушти студиото.

Најавата за новата емисија погледнете ја во видоето подолу.

фото: Принтскрин/гранд

To top