Последните неколку дена медиумите пишуваат дека двете големи ѕвезди, Аца Лукас и Цеца Ражнатовиќ се скрале поради поранешната сопруга на пејачот Соња Вуксановиќ.
„Лукас и Цеца жестоко се скараа и го прекинаа долгогодишното пријателство поради Соња. Пејачите од декември не се во контакт, иако претходните две децении беа неразделени. Светлана му беше рамо за плачење и секојдневно го тешеше додека тагуваше за поранешната жена. Меѓутоа, штом се врати со Соња, Аца почна да ја избегнува другарката“ тврди извор за „Информер“ и додава:
„Цеца ги знаеше сите детали за врската меѓу Аца и Соња и какви проблеми имаат, па отворено му кажа дека не е паметно што се смирил со сопругата. На Аца тоа не му се допадна, па многу брзо го прекина контактот со својата пријателка“ вели изворот.
Аца и Соња заедно ја имаат ќерката Викторија.