Овагодинешниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Садик Хасановиќ кој беше под менторство на Марија Шерифовиќ се најде во центарот на вниманието.
Имено, на социјалните мрежи се појави снимка на која Садик пее националистичка песна и е против Србите.
По тој повод се огласи и Садик истакнувајќи дека тогаш бил дете и дека не знаев каква порака пренесуваа таа песна.
Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ сега ги прокоментира овие случувања.
„Не гледам Ѕвездите на Гранд и не подржувам насилство кон никој, ни кон ништо. Неважна е раста, националноста или вероисповедта. Своето го обожавам, но туѓото го почитувам“, изјави кратко Цеца.
Од друга страна, Марија Шерифовиќ исто така се огради околу ставовите на кандидатот истакнувајќи дека таа за своите натпреварувачи е задолжена за време на натпреварувањето.