Радио Милева

Цеца: „Емотивно ја доживеав одбраната на Лукас за моите деца!“ Карлеуша: „Аман, уморна сум од твоето фолирање!“

Цеца: „Емотивно ја доживеав одбраната на Лукас за моите деца!“ Карлеуша: „Аман, уморна сум од твоето фолирање!“

Цеца Ражнатовиќ (46) вели дека е благодарна на Аца Лукас (50) што јавно ја бранеше нејзината ќерка, Анастасија (21), откако Јелена Карлеуша (41), јавно ја спомна и напиша:

„Очекувам, како и секогаш, твое извинување и вакво нешто никогаш повеќе да не ти се случи. И гледам дека ова лошо оперирано  младенче на Аркан. Што да прави со мутава харизма на згазена мачка, не ни можела повеќе да научи од такви мајка и татко. ПС (Собери се Ацо. Ова го кажувам сериозно) “.

Коментарот дојде откако Анастасија остави неколку „емотикони“ на објавата на Лукас, повикувајќи се на Карлеуша, и по целата виртуелна војна, одговори и Цеца.

– Емотивно го доживеав моментот кога Аца застана зад моите деца. Тој се постави како родител кој знае како е да се допре нешто што е свето за вас, а тоа се децата секако. И ако другите деца би биле засегнати, тој ќе одговараше, исто така, таков е човекот – вели Цеца.

– Лукас е чесен човек, што мисли и го кажува. Тој секогаш беше заштитнички поставен и вистински господин. Тој ги познава Анастасија и Веjка уште од раѓање и е многу приврзан кон нив, а и тие го обожаваат – објасни Цеца за Информер.

Сепак, веднаш штом ги прочита овие изјави, се огласи  Јелена.

– Светлана, уморна сум повеќе од твоето фолирање. Никој не допира до твоите деца, но вашите деца (кои се возрасни, аман). Лајкуваат навреди на сметка на твоите колеги, навредуваат и сл. А кога ќе добијат по носот, тогаш невешто лажеш дека немаат социјални мрежи и дека тоа се деца?! Ако тие се деца, тогаш и јас сум нечие дете, зарем не? Не можам повеќе да ги трпам твоите сплетки, твоето умилкување кај примитивни новинари и пејачи против мене. Аман жено, застани веќе. Не трачари, не шпекулирај, занимавај се со својата кариера и сфати дека тебе веќе никој нема да ти молчи, почна Карлеуша.

-Не сакам да се гледам со тебе на суд, не сакам да се занмимавам со твојот лик, но морам да се бранам. Застани. Уморна сум од војна. Ете сега убаво и културно ти се обраќам, ова ќе ти го кажам и кога ќе се видиме на некои од глупавите судења на кои не ми се доаѓа, бидејќи имам работа и проблеми, продолжи Јелена.

П.с. Не се потпирај на Лукас да навредува се живо, додека ти мудро молчиш и прва му ги лајкуваш коментарите. Кажи им на „децата“ да не го прават истото. Да си му вистинска пријателка на Лукас би му кажала „Немој“, заклучи Карлеуша.

To top