Пејачот на „Партибрејкерс“, Зоран Костиќ – Цане им гостуваше на бендот „Веронаукси“ во песната и спотот „Успаванка без крова“, чија цел е да помогне во работата на црковната народна кујна и луѓето без приходи и свој дом.
За време на велигденските празници со благослов на патријархот на СПЦ беше промовирана оваа песна за која Костиќ ги напиша стиховите со протоереј Илија Ромиќ, кој е и автор на музиката.
Имено оваа црковна народна кујна секој ден храни околу две илјади луѓе кои живеат без покрив над главата или се во многу тешка финансиска состојба. Со песната се повикуваат гледачите од Србија да ја поддржат народната кујна, така што со една СМС порака ќе донираат еден оброк за оние на кои им е најпотребен или преку динарската тековна сметка.