На 9-ти јули, односно за помалку од две недели ќе се случи венчавката на ТВ водителката Елена Стефановска и избраникот Бојан Најдоски.
Елена е во комплетна еуфорија за нејзиниот голем ден, а организираше и моминска вечер на плажа заедно со најблиските дами во нејзиниот живот.
Забавата треаела од утро до утро, а сите девојки, вклучувајќи ја и идната невеста беа облечени во бело.
Уживање во вода, под сонце, со коктели, музика… Елена имаше незаборавни моменти кои преку видео ги објави на својот Инстаграм.
View this post on Instagram
За потсетување, Елена Стефановска свршеничкиот прстен го доби на романтично патување во Русија за време на новогодишните празници.