Бугарските мисици и старлети по теркот на српските или обратно, сеедно! Мис плејмејт 2019 Михаела Тодорова е следната која ќе се испроба како пејачка.
„Започнувам нов потфат. Мојот следен проект е песна. Таа ќе биде дует и ќе биде со една наша голема ѕвезда. Сè уште не сакам да откријам со кого“ – објаснила таа за Bulgaria Today.
Тешко дека силиконската убавица ќе се обиде во оперско пеење, па таа дефинитивно ќе се опроба во „турбофолк народњаци“, пишува Hotnews.bg. Пред неколку години Михаела најави дека сака да создаде модна линија бидејќи знае што им се допаѓа на младите девојки, но тоа никогаш не се случи.
Дали сега ќе го зграпчи микрофонот на кој му фрлила голем мерак, останува да видиме, но важно е да се напомене дека се повеќе старлети и мисици стануваат пејачки.
Најпозната е Марија Цветкова, која веќе две години гради кариера како Арија. Цветкова се прослави кога имаше само 18 години. Таа победи на изборот за Мис плејмејт во 2008 година.