Фолк пејачката Андреа направи уште еден обид да се заштити себеси од цунамито навредливи коментари што ја поплави откако учествуваше во живо во „Големиот Брат“.
Русокосата пејачка со бујни силикони се појави во студиото на реалното шоу и шокираше со својата појава.
Следуваше колаж од потсмевања кон пејачката: „Андреа, си го заборавила фотошопот дома“ – со молњевита брзина се редеа ваквите коментари на социјалните мрежи.
Веднаш потоа, цицлестата вљубеничка во профи боксот објави нови фотографии од настанот, во обид да ги негира тврдењата на публиката.
Сега русокоса убавица се соблече за да им покаже на хејтерите дека не е дебела. Таа објави провокативна и баеги разголена фотографија на социјалните мрежи, со порака до „мразачите“: „Еве ви една нова снимка… така, да си коментирате“!